ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Од:

Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира и е безбеден, потврдија официјални лица.

Авионот доживеал „неисправност при летот“ и пилотот можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило, според извештајот на Асошиејтед прес. Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.

Драматичната снимка од несреќата брзо се прошири низ интернет. На снимката се гледа како авионот вртоглаво паѓа кон земјата пред да експлодира при удар. Во позадина може да се види падобран кој полека лебди кон земјата. Портпаролот на воздухопловните сили подоцна ја потврди автентичноста на снимката за CBS News.

Воздухопловната база Ајелсон во соопштение објави дека инцидентот, кој се случил во вторникот попладне по локално време, резултирал со „значителна штета“ на авионот F-35 Lightning II. Пилотот е безбеден и е пренесен во воената болница Басет.

„Ве уверувам дека воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави ќе спроведат темелна истрага со надеж дека ќе ги минимизираат шансите ваквите настани повторно да се случат“, рече Таунсенд. Ф-35 е најголемиот генератор на приходи на Локхид Мартин, кој придонесува со околу 30 проценти во вкупниот профит.

Локхид претходно вчера соопшти дека ќе биде помалку профитабилен од очекуваното во 2025 година, делумно поради одложеното воведување на надградби на Ф-35. Пентагон планира да купи 2.500 авиони Ф-35 во наредните децении.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка