Помпео до Кина: Не ширете дезинформации за коронавирусот

Од:

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ја предупреди Кина да не шири дезинформации за новиот коронавирус, откако висок службеник во Пекинг промовираше теорија на заговор за вмешаност на САД.

Помпео упати „силни забелешки“ на кинеските напори „да ја префрлат вината за Ковид-19 во САД“ во телефонскиот разговор со Јанг Jиечи, висок официјален претставник за надворешна политика во Пекинг, соопшти Стејт департментот.

Помпео „истакна дека ова не е време да се шират дезинформации и гласини, туку време за сите нации да се обединат и да се борат против оваа заедничка закана“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Повикот следува откако Стејт департментот во петокот го повика кинескиот амбасадор, Куи Тјанкаи, за протест поради промовирање теорија на заговор – што привлече големо внимание на социјалните медиуми.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лијиан, во твитовите минатата недела и на мандарински и на англиски јазик посочи дека „нултиот пациент“ во глобалната пандемија може да потекнува од САД – а не кинески Вухан, каде за првпат се пријавени случаи кон крајот на 2019 година.

„Можеби американската армија ја донесе епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни! Објавете ги вашите податоци! САД ни должат објаснување“, твитна Жао, кој е познат по своите провокативни изјави на социјалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак