Помпео го обвини Иран за напад на нафтените танкери во Оманскиот Залив

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за напад врз нафтените танкери во Оманскиот Залив, објави Си-Ен-Ен. Помпео рече дека САД дошле до овој заклучок врз основа на разузнавачките податоци за видот на користеното оружје.

„Владата на САД проценува дека Исламската република Иран е одговорна за нападот што се случи во Оманскиот Залив. Проценката се базира на разузнавање, употребата на типот на оружје, ниво на експертиза потребни за извршување операции, неодамнешни слични ирански акции и како и тоа што ниту една друга група во областа нема средства и експертиза за извршување на таква прецизна операција“, рече Помпео.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерез, остро го осуди секој напад на цивилни бродови, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Бајден денеска ќе ја претстави својата стратегија за Блискиот Исток

Ана Ололовска

Цените на нафтата растат поради тензиите во Европа и на Блискиот Исток

Ана Ололовска

Извештај на Њујорк тајмс за илјадниците жртви на Блиски Исток од американските дронови

Ана Ололовска

Израел е за нормализирање на односите со Блискиот исток, вели новиот шеф на дипломатијата Лапид

Жарко Настоски

Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток

Ана Ололовска