Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток

Од:

Асошиетед Прес

Растечкото насилство и сцените на страдање на цивилното население на тест ја става решеноста на претседателот Џо Бајден да го одалечи фокусот на надворешната политика од жариштата на Блискиот исток и Авганистан и да го намали американското воено присуство во овие региони. Тоа, исто така, налева вода во воденицата на неговите политички противници на домашен терен.

Бајден и неговите приврзаници велат дека со поместување на американскиот воен и дипломатски фокус од ќор-сокакот во регионот, се става крај на неуспешната политика што требаше да биде запрена одамна и која често пати само ја продолжуваше конфронтацијата. Според нив, намалувањето на ангажманот на САД веќе ги охрабрува земјите сами да ги решат своите спорови. Но, неодамна повторно почнаа борбени дејствија во некои региони погодени од новата политика на Бајден за преориентација на фокусот на интерес на надворешната политика.

Војната меѓу Израел и Палестиците во Газа избувна токму кога Бајден се обидуваше да се повлече, што доведе до слики на обезличени тела и урнати домови и до несогласувања во самата партија на Бајден за тоа дали требаше да се стори повеќе. Израел и Хамас објавија прекин на огнот, ставајќи крај на воздушните напади и ракетните напади во кои загинаа најмалку 230 Палестинци и 12 лица во Израел.

Во Авганистан растат стравувањата од преземање на власта од страна на талибанците и продолжување на граѓанската војна, од каде Бајден се повлекува воено. И бунтовниците од племето Хуси, кои се поддржани од Иран, ги засилуваат нападите врз опколените јеменски градови во пустината, бидејќи Бајден ја запре американската воена поддршка за шестгодишната војна предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

-Ова е резултат на политиката на американскиот претседател Џо Бајден, напиша јеменскиот новинар Валид ал-Раџи на Твитер откако бунтовниците Хуси истрелаа гранати врз утврдениот град Таиз. Неговите забелешки беа во согласност со тоа што борците во Мариб, под опсада на јеменската влада, им кажаа на новинарите во областа: дека военото повлекување на Бајден и иницијативите на бунтовниците само ги охрабруваа Хусите со Иран уште поупорно да ги редат решителните победи на бојното поле.

Наследството на Бајден во надворешната политика ќе се формира според тоа колку тој одлучно ќе направи преориентација и што ќе се случи на жариштата потоа.

Бајден се чини дека се обложува на тоа дека дури и доколку насилството на Блискиот исток и во Авганистан се разгори кога САД ќе го префрлаат својот главен фокус оттаму, тоа е цената што вреди да се плати за САД да се извлечат од регионалните конфликти, откако ќе се појават поголеми предизвици.

Веќе не недостасуваат обвинувања.

-Одлуките на Американците не повредуваат и се надеваме дека тие ќе ги променат, изјави началникот на Генералштабот на јеменската армија, генерал-потполковник Сагир бин Азиз, во подолго интервју за Си-Ен-Ен од бојното поле.

Републиканците го велат истото. „Потезите на Бајден само ја охрабруваат агресијата на Хусите – лекција што владата треба да ја запомни за иранскиот режим“, напиша на Твитер сенаторот на Арканзас, Том Котон.

И бидејќи борбите меѓу Израел и палестинските милитанти се искачија на највисоко ниво од 2014 година, членовите на Конгресот од јадрото на демократите неделава им се приклучија на прогресивците, повикувајќи го Бајден да продолжи со интензивната американска дипломатија.

„Уште многу луѓе непотребно ќе умрат доколку САД не преземе итни мерки што ги бара ова насилство“, изјави демократот од Претставничкиот дом, Дејвид Прајс, од Северна Каролина во писмото до Бајден потпишано од 138 други конгресмени.

Израел објави примирје еден ден откако Бајден накратко и остро го засили јавниот притисок врз Израел, а потоа повика на „значително намалување на тензиите“ за неколку часа.Изјавите на Бајден, во кои тој ја пофали одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху „да ги прекине тековните борби за помалку од 11 дена“, повторно беа во согласност со силната поддршка на американските претседатели за сојузникот Израел.

Бајден вели дека е од суштинско значење САД да излезат од својата улога како полицаец во конфликтот на Блискиот Исток и да ги следат долгорочните приоритети. Ова вклучува конкуренција со Кина и климатските промени.

-Никој не сака да каже дека треба да останеме во Авганистан засекогаш, но се инсистира дека сега не е време да си заминеме, рече Бајден минатиот месец кога го постави крајниот рок – 11 септември, за повлекување на американската војска од оваа земја.

„Не сега – ете како дојдовме до овде“, рече Бајден, осврнувајќи се на 20-годишното воено присуство на САД во Авганистан, кое сè уште не доведе до пораз на талибанците, а авганистанската Влада останува ранлива.

За владата на Бајден и нејзините приврзаници, одговорот е да излезат од ќор-сокакот, скапите војни и да водат дипломатија на Блискиот Исток на начин што ги спречува да талкаат со милји во долгите бесплодни дипломатски мисии во мировни процеси кои често не се посакувани ни од самите завојувани страни.

Кога станува збор за војната во Јемен, на пример, „во одреден момент треба да прифатите што ви кажуваат фактите на теренот“, вели сенаторот од Конектикат, Крис Марфи, демократ кој се состана со претставниците на Персискиот залив и САД за време на турнејата низ регионот овој месец.

-САД се вклучени шест или седум години, а Јемен за тоа време се повеќе се оддалечува од мирот, рече Марфи.

По 11 септември „се што постигнавме, судирајќи се во војна по војна во регионот, е дека ја направивме нашата земја понебезбедна“, рече Марфи.

-Значи, да, можеби ќе бидат потребни некои промени доколку САД одлучат да се потсетат како ги бранеа своите интереси пред 2001 година, додаде тој.

Владата на Бајден ги потенцира интензивните напори на своите дипломати за јеменските мировни преговори и покрај прекинот на воената поддршка. САД вчера воведоа санкции против двајца водачи на Хусите во офанзивата против Мариб.

Марфи вели дека напорите на САД за смирување на конфронтацијата со Иран веќе почнале да ги поттикнуваат напорите на теренот за помирување. Ова ја вклучува одлуката на Саудиска Арабија им подаде рака на својот главен непријател Иран и неговиот тежок арапски сосед Катар, откако претседателот Доналд Трамп отворено ја поддржа Саудиска Арабија во ескалацијата на конфронтацијата со двете земји.

Уште пред Бајден да дојде на власт и да се обиде да ги смири тензиите, арапските владетели, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, сфатија дека нивното учество како партнери во кампањата на Трамп за максимален притисок врз Иран само ги натера Техеран и неговите сојузници да ги засилат нападите, изјави директор на проектот за Иран на Меѓународната кризна група и поранешен фунцкионер на ОН, Али Ваез.

-Навистина мислам дека САД повеќе не го гледаат регионот како приоритет, изјавио поранешниот јордански министер за надворешни работи Маруан Муашер. Но, ќе биде клучно за САД да поддржат одреден разумен ангажман, рече тој.

„Владата на Бајден не треба да стори ништо повеќе за мировниот процес меѓу Израел и Палестинците“, рече Муашер. „Едноставно, треба да се прават работите на поразчичен начин“.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел