Помош од ЕУ за евакуација на болни бегалци од Украина

Од:

ЕУ мобилизира помош за евакуација на бегалците од Украина на кои им е потребна медицинска помош преку Механизмот за цивилна заштита, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија преку својот Механизам за цивилна заштита информира дека со војната во Украина продолжуваат да пристигнуваат бегалци, посебно во соседните земји како Полска, Словачка и Молдавија, на кои им е потребна итна медицинска нега. Поради ова соседните земји и нивните здравствени системи се наоѓаат под сѐ поголем притисок.

Украина исто така побарала помош од ЕУ во овие рамки.

Европскиот механизам за цивилна заштита координира евакуација на околу 200 лица во единаесет земји членки на ЕУ: Германија, Ирска, Норвешка, Данска, Италија, Шведска, Луксембург, Романија, Белгија, Шпанија и Португалија, за да се олесни притисокот врз источноевропските земји.

Подготвен е и првиот авион за медицинска евакуација во рамките на програмата РескЕУ со кој управува Норвешка, како земји учесник во Механизмот за цивилна заштита, но не и земја членка на ЕУ.

Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич истакна дека помеѓу милионите бегалци од Украина се наоѓаат хронично болни лица на кои им е потребна итна медицинска и специјализирана нега и се заблагодари за солидарноста на земјите учесници.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков