Полскиот претседател на средби со челниците на ЕУ во Брисел

Од:

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет денеска се сретнуваат со полскиот претседател, Анджеј Дуда, главна тема на разговори е безбедноста, јавува дописничката на МИА во Брисел.

Дуда утрово се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Русија и Украина.

-Добра размена со претседателот Анджеј Дуда за безбедносната состојба и военото засилување на Русија. Темелно ја координираме нашата подготвеност, вклучително и за набавката на енергија, и за санкциите како одговор на секаква дополнителна ескалација, напиша фон дер Лајен на Твитер по средбата.

На средбата станало збор и за судскиот систем во Полска, кој е под лупа на Европската комисија. Повеќе прекршочни постапки се водат против Варшава, а Европскиот суд за правда изрече и парична казна против Полска поради поткопување на независноста на судството.

Сепак главна тема останува ситуацијата на руско-украинската граница, каде Европската унија и НАТО сметаат дека присуството на руските воени сили е неоправдано и се подготвуваат санкции во случај на руска агресија.

Попладнево Дуда се сретнува со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за разговори на таа тема.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија