Полски свештеник принудувал деца да лижат сладолед од неговите колена

Од:

Полициски истражни органи во Полска, објавија фотографии на кои деца во средно училиште се принудени да лижат сладолед од колената на свештеник, кој го води училиштето.

На фотографиите е претставена церемонијата со која со години започнувала училишната година во средното училиште Салејсиан во градчето Лубин, во северна Полска. И момчиња и девојчиња клекнати на колена, се фотографирани во бизарна поза како ги лижат колената на свештеникот.

Свештеникот од фотографиите Марцин Козра, кој е и директор на училиштето, се бранеше себеси дека тој не ја вовел оваа пракса во училиштето, туку дека тоа е пракса која во училиштето е со децении.

На фотографиите свештеникот е седнат во фотелја, држи стап во рацете, додека учениците клекнати на колена се принудени да ги лижат голите нозе на свештеникот На другите фотографии пак децата се покажани како се принудени во знак на почит и понизност кој претпоставениот свештеник, целото училиште да го “прелазат“.

И додека полската јавност е доволно во шок од објавувањето на самите фотографии, како дополнително вознемирување дојдоа писмата на некои од родителите, со зборови на подршка за свештеникот.

Во едно од писмата се вели дека всушност, тоа што се наоѓало на колената на свештеникот било пена за бричење и дека ниту едно од децата не било принудено да ја јаде од колената на свештеникот, туку дека сето тоа било направено само за да се забавуваат.

Би можело да ве интересира

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка