Полски државјанин крвнички си ја уби девојката во Тајланд: Телото на убиената e распарчено

Од:

Украинска манекенка е пронајдена мртва. Нејзиното тело е распарчено во луксузен хотел во Тајланд каде што престојуваше со нејзиното момче од Полска кој наводно користел Google Translate за да побара помош да го отстрани нејзиното тело.

Алона Савченко (24) се пријави во хотел-апартманот Ки Саторн-Чароенрај во Бангкок со својот партнер Јан Јержи Лагода-Филипов (25) на 29 април, пишува Дејли Меил.

Лагода-Филипов има рекламна фирма регистрирана во Ковент Гарден во лондонскиот Вест Енд, а Савченко претходно работеше за него.

Двојката изгледа среќно додека се шета низ хотелот во кој престојуваа заедно, а снимките од камерите од ходникот покажаа дека парот се насмевнува додека се упатува кон својата соба.

Обезбедувањето сфатило дека нешто не е во ред утрото на 15 мај кога полскиот турист ја напушти зградата сам и брзајќи со својот багаж изгледаше многу нервозно. Лагода-Филипов запре такси управувано од Сурачај Сабајбанг, а подоцна таксистот се јави во хотелот за да ги информира за однесувањето на Полјакот, откако тој наводно ја користел апликацијата Google Translate за да побара помош за сечење на телото.

На снимката од камерите се гледа како Лагода-Филипов го напушта хотелот и се тресе додека излегува од лифтот, влечејќи го куферот зад себе. По повикот на Сурачај, персоналот на хотелот отиде да ја провери собата на парот на 32-ри кат, каде што го најде распарченото тело на Савченко на креветот.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница