Полска: Седум лица се повредени, а две се водат за исчезнати во експлозија, веројатно предизвикана од гас

Од:

Седум лица се повредени, а две се водат за исчезнати по експлозијаta и уривањето на половина од стара евангелистичка парохиска трикатна зграда во Катовице, на југот на Полска, соопштија денеска тамошните пожарникари.

Соопштено е дека причина за експлозијата најверојатно е гасот што се користел за греење и готвење, но покрената e истрага.

Заменик-началникот на противпожарната служба Мирослав Синовец изјави дека куче-трагач помага во потрагата.

Очевидци за полските медиуми изјавија дека меѓу повредените има и мали деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница