Полска: На милиони Украинци итно им е потребна помош

Од:

Полската Влада во пресрет на денешната Меѓународна донаторска конференција во Варшава објави дека потребите на Украина се огромни и дека на милиони Украинци итно им е потребна помош.

– И покрај веќе донираните средства, потребите на Украина се огромни, пред се поради големиот размер на уништување од војната, соопшти полската Влада, која е домаќин на конференцијата.

Шведска, која е коорганизатор на собирот, објави дека конференцијата има за цел да мобилизира континуирана финансиска поддршка и да одговори на хуманитарните потреби на украинскиот народ.

Состанокот се одржува на Националниот стадион во Варшава, а домаќини се полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Покрај пристигнувањето на неколку државни лидери, се очекува и онлајн обраќање на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и присуство на украинската делегација.

На Меѓународната донаторска конференција одржана во Варшава минатиот месец под мото „Стани за Украина“ беа собрани 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарди евра за раселените лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков