Полска ќе ја преиспитува законитоста на реизборот на Доналд Туск

Од:

Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски изјави дека гласањето за реизбор на Доналд Туск за претседател на Европскиот совет, било „лажно“ и покажало дека ЕУ има „двојни стандарди“.

Според него, на Самитот на ЕУ на кој беше реизбран Туск. било спроведено „псевдо гласање“, затоа шти лидерите биле само прашани дали е некој „против“ реизборот, но не и дали се „за“ и дали има некој „воздржан“.

Поради ова, според Вашчиковски, Полска ќе иницира постапка за преиспитување на законитоста на реизборот на Туск за претседател на Европскиот совет.

На последниот Самит на ЕУ, на кој Туск беше избран за втор мандат на функцијата, Полска беше единствената членка на Унијата која беше против реизборот. Инаку, Туск е поранешен премиер на Полска.

Би можело да ве интересира

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина