Полска ќе ги блокира британските мерки против имиграцијата од ЕУ

Од:

Полскиот заменик министер за надворешни работи Рафал Трзашковски, изјави дека Полска ќе ги блокира мерките што ги предложи британскиот премиер Дејвид Камерон за ограничување во користењето на фондовите за социјалните бенифиции за имигрантите од земјите на ЕУ.

Во интерву за телевизија Би-би-си, полскиот заменик министер оцени дека мерките што ги нуди Велика Британија се „дискриминација врз национална основа“ што официјална Врашава не може да го прифати.

– За нас тоа претставува црвена линија што Полска не може да ја премине, па затоа ние ќе ги блокираме британските предлози, рече Трзашковски.

Според него, мерките што ги понуди британскиот премиер, со кои европските имигранти не ќе може да аплицираат за социјални бенефиции најмалку четири години по доаѓањето во Велика Британија и се соочуваат со ризикот да бидат протерани доколку за шест месеци не најдат работа, се спротивни на сите прописи и закони на ЕУ, па затоа се и неприфатливи.

Полска е подготвена да преговара за злоупотребите на системот на социјалните бендфиции и за случаите на депортирање на државјани на ЕУ во нивните матични земји, но нема да прифати промена на основите на кои се темелат Унијата и европското законодавство, вели Трзашковски.

Премиерот Камерон, презентирајќи ги новите мерки, чија цел според него, е да се спречи „социјалниот туризам“ на имигрантите од ЕУ кои доаѓаат во Британија не за да работат, туку за да ги користат нејзините богати и дарежливи социјални фондови, призна дека за активирање на ваквите мерки е потребно менување на европските спогодби.

Тој меѓутоа изрази надеж дека другите политички лидери во земјите членки ќе имаат разбирање за британските мерки, инсистирајќи дека тие се добри за сите во Унијата.

Полскиот заменик министер вели дека „е значајно што официјален Лондон сето ова го нуди за дискусија, во рамките на ЕУ, а не го применува унилатерално“.

Реакцијата на Полска доаѓа по објавувањето на британските податоци дека во Велика Британија има 1,2 милиони имигранти од земјите на ЕУ и дека меѓу најбројните се Полјаците и оние од земјите во Балтикот.

ОЕЦД пак тврди дека британската антиевропска реторика е без основа, затоа што најголемиот број од европските имигранти бараат работа во Германија. Дури 30 отсто од нив побарале работа и се населиле во Германија, додека само седум отсто се определиле за Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ