Полска и Романија пред суд, поради тајни затвори на ЦИА

Од:

Европскиот суд за човекови права прифати да го разгледа вториот случај против Полска, за обвиненијата дека дозволила ЦИА да има тајни затвори на нејзината територија, со што се зголемува притисокот на Варшава да се открие колку е вмешана во американската „војна против тероризмот“, пренесе „Ројтерс“.

Судот треба да ги разгледа обвиненијата на Абу Забајдах и Абдел Рагим ел Нашириј, државјани на Саудиска Арабија кои тврдат дека пред десет години биле незаконски држани и злоставувани во тајните затвори на ЦИА, во Полска.

И Романија може да се најде пред Европскиот суд за човекови права поради соработка со ЦИА и покрај тоа што официјалните лица исто како и во Полска негираат дека во нивните држави има активност на странските служби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп