Половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно

Од:

И покрај напредокот во намалување на екстремната сиромаштија, речиси половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно. Тенденцијата на пораст на сиромашните продолжува во богатите светски економии, објави Светската банка.

Во својот полугодишен извештај, Банката објави широка анализа за сиромаштијата, со цел да покаже заостанување на некои држави, иако делот од нив, кои живеат во екстремна сиромаштија, заработувајќи помалку од 1,90 долари, се намалува во последните години.

Врз основа на проширени критериуми за сиромаштија, во извештајот е констатирано дека бројот на сиромашни луѓе ширум светот е „неприфатливо висок”, додека плодовите од економскиот раст „нерамномерно се распределуваат”.

Иако глобалниот економски раст во последниве години забави, вкупниот број на луѓе кои живеат во сиромаштија се намали за повеќе од 68 милиони во периодот од 2013 до 2015 година, што е бројка еднаква на бројот на жители во Обединетото Кралство или Тајланд.

И покрај подобрувањата, во извештајот се наведува дека актуелните трендови покажуваат дека целта на Светската банка за намалување на глобалната сиромаштија на помалку од три проценти од светската популација, може да биде недостижна.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он