Пољански: Европа сака Украина да не ја изгуби војната

Од:

Европа сака Советот за безбедност на Обединетите нации да работи во паралелна реалност, во која Украина нема да губи град по град на бојното поле, изјави Дмитриј Пољански, првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, на седница на Генералното собрание на ОН.

„Европските спонзори на режимот на Зеленски сакаат Советот за безбедност на ОН, како и тие, да живее во некоја паралелна реалност во која Украина нема да губи град по град на бојното поле, а украинските граѓани да се редат да умрат во бесмислена мелница за месо за западните геополитички интереси“, рече Пољански за време на своето обраќање, пренесува РИА.

Тој оцени дека Брисел несвесно ги врти тркалата на војната и ја прикажува Русија како непријател кој наводно ќе ги нападне. „Наместо да ги здружат напорите насочени кон воспоставување мир, Брисел и сојузничките престолнини продолжуваат, по инерција и несвесно, да го менуваат текот на војната, пренесува Танјуг.

– Тие ја прикажуваат Русија како непријател кој неизбежно ќе ги нападне, рече Пољански.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски