Полјаците ги надминаа Индусите како најбројна мигрантска етничка група во Британија

Од:

Полјаците ги надминаа Индусите , како најбројна етничка група на мигранти кои живеат во Велика Британија, покажуваат најновите податоци на британското Национално биро за статистика (ОНС).

Во 2015 година, во земјата живееле 831 илјада Полјаци, што е за 750 илјади повеќе, отколку во 2004 година, кога Полска, заедно со уште седум други држави од Источна Европа, стана членка на ЕУ.

Досега , традиционално, Индусите и државјаните на Република Ирска беа најбројната странска миграциска етничка заедница.

Податоците откриваат дека вкупната, нето миграција во Британија достигнала 327 илјади дојденци, што рекорд досеега, за една година.

Според ОНС, бројот на Полјаците и државјаните од седумте други некогашни комунистички земји (Унгарија, Чешка, Словачка, трите балтички држави и Словенија) се намалува, како што опаѓа и бројот на оние кои се населуваат во Британија, но сега расте бројот на државјаните и носителите на пасошите од Бугарија и Романија.

Работата е главната причина зашто мигрантите од овие балкански држави, како и од целиот Исток, доаѓаат во Британија, а потоа е студирањето, иако бројот на оние кои доаѓаат на студии во земјата, значително е намален во периодот меѓу 2014 и 2015 година.

Продолжува да се зголемува и бројот на вкупното насеение во Британија, како на оние кои не се родени во земјата, така и на лугето кои не се Британци.

Најновите сознанија за структурата на населението откриваат дека 13,3 отсто од луѓето кои сега живеат во земјата, се родени во странство. Во 2004 година тој процент изнесувал 8,9 отсто.

Лондон е со најголем процент на население, родено во странство и изнесува дури 37 отсто.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он