Политичката криза во Чешка се продлабочува-одреден притвор за осомничените политичари

Од:

Чешкиот суд во Острава, одреди притвор за Јана Нагиова, шефица на кабинетот на премиерот Петр Нечас, која со уште седум политичари беше уапсена пред два дена, јави дописникот на МИА од Прага.

На Нагиова, која е осомничена за корупција и нелегално следење на три лица, меѓу кои и сопругата на Нечас, и се заканува казна затвор до пет години, а притворот и е одреден за да не влијае врз сведоците.

Нагиова, за која се шпекулираше дека е причина за разводот на премиерот, за кој тој самиот неодамна ја информираше јавноста, негира дека направила незаконско дело.

-Таа тоа не го направила со причина некому да нештети, туку од безбедносни причини, мислела дека треба да направи нешто за некого, изјави нејзиниот адвокат Едуард Бруна, на прашањето зошто на Службата за воено разузнавање и наредила следење.

Покрај Радка Нечасова биле следене уште две лица, вработени во владата. Адвокатот, рече дека Нечас не знаел за следењето и ги негираше информациите кои излегоа од полициските извештаи, а според кои Нагиова сето тоа го наредила од приватни причини, за да го натера на развод премиерот.

Притворањето на Нагиова може да има влијание врз политичката судбина на Нечас, кој до сега иако е повикуван на оставка од опозицијата тоа енергично го отфрла.

Владините коалициони партнери, партијата ТОП 09 и „Општествени добра“ (ВВ) за денеска закажаа партиски средби за да ги разгледаат новите околности на една од најголемите политички афери во земјата по падот на комунизмот, во 1989 година.

Денеска со став излезе и претседателот Милош Земан, кој индиректно нагласи дека владата треба да си оди.

Судот денеска одреди притвор и за поранешните пратеници Петр Тлухор и Иван Фукса, кои кога требаше да се гласа за клучни закони во Парламентот, прво излегоа и рекоа дека нема да го дадат својот глас, а потоа се откажаа од пратеничките мандати.

Според обвинувањата, тие тоа наводно го сториле за да стекнат со економска корист. И во овој случај е поврзана Нагиова, која се сомничи дека ја понудила економската корист за возврат ако се откажат од мандатот во Собранието.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски