Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Од:

Еквадорскa политичарка е убиена среде бел ден пред толпа луѓе, само неколку моменти по завршувањето на состанок, пишува Мирор.

Дијана Карнеро (29) претседаваше со состанокот на Советот во градот Наранџал, во средата попладне и снимаше видео од лошите услови на патот кога беше нападната.

Двајца осомничени и пришле со мотор и ја застрелале во главата пред да избегаат, соопшти полицијата. Националното обвинителство на Еквадор најави дека ќе отвори истрага, но засега не ги откриле сторителите.

Дијана Карнеро беше претставничка на партијата Демократски социјалисти, а од неа со пораки на социјалните мрежи се простија многу колеги.

„Дијана имаше само 29 години, сочувство до семејството. Ова е ноќна мора и срам за целата земја“, напиша поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство