Политичарка призна дека била проститутка

Од:

Кандидатката за градоначалник на Виксбург, во американската сојузна држава Мисисипи, Линда Фондрен призна дека била проститутка и дека нејзиниот сегашен сопруг бил еден од нејзините клиенти.

-Вистина е дека пред 30 години работев во легална јавна куќа. Знаев дека тоа ќе се дознае, бидејќи се зборуваше, но не верував дека ќе се открие и дека ќе седам со вас и ќе давам интервју – изјави Фондрен за локалната телевизија.
Таа со недели се обидуваше да ја избегне таа тема, дури ги отфрли и тврдењата на медиумите за нејзината поврзаност со јавна куќа во Невада.

-Тоа се гласини, а политиката е професија во која луѓето се подготвени да направат се за да ги прошират гласините наместо да дискутираат за проблемите, за она што најмногу го загрижува населението –изјави таа во март.

Денис Хоф сопственик на легален бордел во Карсон Сити во Невада, смета дека поранешната кариера на проститутка не е причина да биде исклучена од листата на кандидати.

-Жените кои легално се занимаваат со проституција, остваруваат кариери во областа на медицината, правото и образованието, а образованието го финансираат со парите заработени во јавните куќи. Искрено верувам дека Линда Фондрен, работејќи како проститутка се стекна со работна остроумност и дека би била многу успешен градоначалник – изјави тој.

Фондрен истакна дека се занимавала со проституција, бидејќи тоа и било единствен извор на за егзистенција, по смртта на мајка и.

-Го мразев тоа – изјави Фондрен за „Асошиетејд прес“ и додаде дека нема да ја поддржи легалната проституција доколку биде избрана.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска