Полициско куче намириса повеќе од милион евра скриени во куфери

Од:

Полициското куче Елио спречи обид за шверц на готовина со тоа што откри 1.075.600 евра скриени во два куфери.

Сè се случи за време на рутинска проверка на автобус на автобуска станица во близина на Фиренца, јавува Би-Би-Си.

Италијанските власти соопштија дека сопственичката на торбите е кинески државјанин со престој во Италија.

Утврдено е дека осомничената се качила во автобусот во Катанија, Сицилија.

Таа била обвинета за перење пари и примање украдена стока, а поради понатамошна истрага торбите во кои биле парите и се одземени.

Банкнотите биле во различни апоени и тоа од 50, 20 и 10 евра.

Полицијата се уште нема информации за потеклото на парите.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски