Полицијата во Хамбург прекина собир против самитот Г-20

Од:

Германската полиција во Хамбург сношти растера неколку незаконски организирани протести против средбата на лидерите од групата на економски најразвиени земји (Г-20), што во овој град ќе се одржи утре и задутре.

Силите на редот прво го евакуираа и растурија кампот на демонстрантите, кренат во паркот на квартот Алтона.

„Не станува збор за законски митинг, туку за нелегално поставен импровизиран камп во паркот“, соопштија надлежните власти.

Кусо потоа, беше употребен и солзавец.

Едно лице е уапсено, а случаен минувач, кој не учествувал во демонстрациите, бил лесно повреден во полициската акција.

Би можело да ве интересира

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда