Полицијата во Брисел употреби водени топови врз група од стотина учесници во протестот против владините реформи за труд, при што има и повредени.
Протестот, на кој учествуваа околу 60.000 луѓе, е одржан против социјалната и економската политика на десноцентристичката Влада, која според синдикатите ќе ги ослаби столбовите на социјалниот систем во Белгија.
Според синдикалните лидери, пазарната политика на премиерот Шарл Мишел во последните две години одземала просечно по 112 евра месечно од секое семејство, а ветувањата за нови работни места не се исполнети.