Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Нигер

Од:

Полицијата употреби денеска солзавец за да ги растера недозволените протести на опозицијата во главниот град на Нигер, Ниамеј против објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

На плоштадот Тумо во центарот на градот се собраа околу 300 лица и тие сакаа да одржат протестен марш до Парламентот, но полицијата ги растера. Демонстрантите се разбегаа по околните улици и се обидуваат повторно да се соберат за да стигнат до Парламентот.

Меѓу демонстрантите има поранешен министер, чие име не се соопштува. Тој, заедно со уште шестмина демонстранти се приведени од полицијата.

Најмалку пет лица загинаа вчера во протестите во Ниамеј. Претседателот на Нигерија Махамаду Исуфи изјави дека загинале намјалку пет лица и оти сите се цивили.

Исуфи додаде дека бројот на жртвите во завчерашните протести во Зиндер, вториот град по големина во Нигер, се зголемол на пет.

Демонстрантите вчера запалија најмалку осум цркви во Ниамеј. На удар на демонстрантите се најдоа и кафулиња, хотели и деловни објекти во сопственост на немуслимани или со ознака на француски компании.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени