Суданските сили за безбедност утрово употребија солзавец против илјадници антивладини демонстранти, собрани во близина на Генералштабот во Картум.
Според очевидци, се слушнале и пукотници, но тешко е да се утврди кој пукал.
Во Судан жителите повеќе од три месеци бараат смена на Владата, што ја обвинуваат за лошата економска состојба. Протестите почнаа поради зголемените цени на лебот од 19 декември.
Претседателот на Судан, Омар ал Башир на 22 февруари прогласи вонредна состојба во земјата, но не прифати да замине од власта.