Полицијата трага по маж заради тројно убиство на студентки на југоистокот од Русија

Од:

Руската полиција почна потера по 30-годишен маж, откако три млади студентки се убиени во градот Гаи, во југоисточниот дел на земјата, јави ДПА.

Лицето се смета за осомничено за случајот со тројното убиство, јави денеска полицијата од регионот Оренбург, на повеќе од 1.200 километри југоисточно од Москва.

Во соопштението се наведува дека жртви биле студенти по медицина, на возраст од 17, 18 и 19 години, кои живееле во ист стан.

Две тела се откриени за време на операција на гаснење пожар, додека трето телот било пронајдено надвор од куќата во градот Гаи, додава германската агенција .

Според иследниците, врз телата биле забележани траги на насилство. Според извештаите на медиумите, младите жени биле избодени до смрт, најверојатно во четвртокот, по што станот бил опожарен за да се прикријат доказите.

Полицијата соопштува дека осомничениот бил ослободен од затворски камп пред само три месеци.

Засега не се јасни припините за тројното убиство.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија