Полицијата со солзавец ги растера макроата и вработените во јавните куќи во Сурабаја

Од:

Во Сурабаја, вториот по големина град во Индонезија, полицијата денесла неколку часови се справуваше со околу 300 разгневени работници и сопственици на јавните куќи, кои по наредба на локалниот гувернер треба да бидат затворени.

Така наречениот „Доли’’ кварт во Сурабаја е еден од најголемите центри за изнајмување проститутки, а според локалните власти неговото постоење е недолично.

Сопствениците на јавните куќи, макроата и обезбедувањето, одбивајќи да ги затворат објектите, носеа пароли според кои властите не ги затвораат поради морални причини, туку поради бизнис интереси. Имено, постоеле планови на местото каде сега работат над сто јавни куќи во центарот на Сурабаја да се изгради голем трговски и бизнис центар.

Полицијата во судирот со демонстрантите употребила солзавец, но тие по двочасовна пауза ги продолжија протестите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени