Полицијата го блокира приодот кон „скривницата“ за спас од 21 декември

Од:

Претседетелот на општината Бигараш каде се очекува навала на луѓе кои веруваат дека утре ќе дојде крајот на светот и дека може да се спасат само во ова место од 189 жители, упати апел во целиот свет да се држат настрана од ова село.

Во согласност со тоа, распоредени се силни полициски сили кои ги имаат блокирано приодите до Бигараш, а таквата состојба ќе трае и цели два дена после прогнозираниот датум.

„Апелирам до целиор свет-не доаѓајте во Бигараш. Ова не е смешно! Нашето село не може да издржи навала од 10.000 луѓе н а 21. декември“, рече претседателот на општината Жан Пјер Делор.

Тој стравува дека илјадници фанатични следбеници „Нју ејдџ„ движењето, кои веруваат дека вонземјани од планината Пик де Бигараш ќе ги однесат во „друга димензија“ ќе го уништат ова мало место.

Полицијата и војската направија блокада на патот за да оневозможат пристап до планината, а просторот околу неа е прогласен за забранета зона од 19. до 23. декември.

Би можело да ве интересира

Крајот на светот е поблиску за 30 секунди, предупредуваат научниците

Наум Локоски

Крај на светот во 2030 година

Емир Латифовиќ

Крајот на светот почнува утре во седум наутро, со оркански ветер и помрачување

Ана Ололовска

На Нов Зеланд е 21 декември, нема крај на светот

Аргентина: Забранет пристап на планина поради можни самоубиства

Ана Ололовска

Уапсени над 50 Кинези: Ширеле гласини за крајот на светот

Емир Латифовиќ