Крајот на светот почнува утре во седум наутро, со оркански ветер и помрачување

Од:

Само уште нешто помалку од 24 часа па ќе се увериме дали древните Маи погрешиле во прогнозите, дали биле погрешно протолкувани или сепак светот каков што сега го познаваме утре и дефинитивно ќе замине во минатото и забаравот.

Ако им се верува на американските социјални мрежи и медиуми, 21. ден од декември оваа година не донесува ништо добро по човештвото освен фактот дека неизвесноста повеќе ќе ја нема затоа што нема да има ни иднина.

Твитер и Фејсбук се преполни со упатства за тоа како да се подготвите за катаклизмата, а направен е список на безбедни места на планетата каде единствено може да се избегне апокалипсата. На списокот е и српската планина Ртањ, која со денови е окупирана со гости од сите краишта на светот кои бараат спас.

На општата хистерија неочекувано и се приклучи и угледната телевизиска станица „Национална географија“ која веќе со денови во десниот горен агол на екранот одбројува уште колку останало до крајот на светот, а слична „акција“ спроведува и конкурентскиот канал „Дискавери“.

Дневниот весник „Лос Анџелес Тајмс“ подготви и „проштален“ последен број во кој сепак порачува дека се надеваат дека доколку во трафиките се појават и во сабота на 22 декември тоа, читателите тоа да не им го забележат.

најдалеку отидоа некои локални телевизии во САД кои на секој час пуштаат џинглови со упатства како да се однесувате.

– Затворете се во куќата, молите му се на Господ и не правите паника. Бидете со некого кого го сакате во последните моменти на планетата и човештвото. Се ќе почне со неочекувано помрачување на Сонцето, нагло заладување и оркански ветер кој ќе носи се пред себе, е една од пораките за „крајот на светот“.

Крајот на светот прво ќе стигне во Мексико, т.е. кај „домаќините“, на територијата на древните Маи, точно на полноќ, а на Балканот се очекува да пристигне во седум часот по локално време, па има голема веројатност многумина да го преспијат „крајот на светот“.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска