Крајот на светот е поблиску за 30 секунди, предупредуваат научниците

Од:

Часовникот кој симболично го претставува крајот на светот се помести поблиску до „полноќ“ по изјавите на Доналд Трамп за климатските промени, зголемување на американскиот нуклеарен арсенал и преиспитувањето на сигурносните агенции.

Часовникот во моментов покажува две и пол миниути до полноќ, позиција на која што се наоѓа за прв пат во историјата.

Најблиску до полноќ, сепак часовникот покажувал во 1953. година кога бил на две минути до полноќ по тестирањето на хидрогенските бомби на САД.

Часовникот до апокалипската симболично го покажува крајот на светот, а го смислиле група научници од Билтенот на атомски истражувачи во 1947. година кога бил поставен на седум минути до 12.

Низ годините, часовникот се поместувал понапред и поназад, а во најпозитивна позиција бил во 1991. година кога бил на 17 минути до полноќ.

Претходното поместување беше во 2015. година кога од пет минути, се помести на три минути до полноќ.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска