Полиција во Германија откри терористичка организација чија цел била да го наруши поредокот на државата

Од:

Германската полиција изврши претрес на 13 локации, по осомниченост на пет лица дека формирале десничарска терористичка организација.

Главната цел на организацијата е да изврши напади врз полицијата и припадниците на малцинствата.

Според германското сојузно обвинителство наводно петтемина формирале организација во септември 2019 година со цел да се наруши поредокот во Германија, а за постигнување на својата цел планирале напади врз политичари, баратели на азил и муслиманите, за да предизвикаат воена состојба.

Уште осум лица се под сомнение дека финансиски ја помагале групата, набавувале оружје и планирале да учествуваат во идните напади.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот