Полицаец во Феникс уби невооружен црнец

Од:

Полицаец застреал 34-годишен невооружен црнец во градот Феникс во Аризона сметајќи дека е нарко-дилер.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 2 декември кога полицаецот (белец) го задржал Ремејн Брисбен и побарал од него да види што има во џебовите.

Откако допрел во еден од џебовите нешто што наликувало на пиштол, полицаецот кој е на возраст од 30 години пукал во Брисбен и го убил. Во изјавата дадена во полицијата тој тврди дека тоа бил пиштол и дека животот му бил во опасност. По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле наводно пронајдени марихуана и автоматски пиштол.

Стотици афроамериканци вчера протестираа по улиците на Феникс поради полициската акција. Тие бараа да биде соопштено името на полицаецот и тој да биде изведен пред суд.

Инцидентот се случува во време на бран протести поврзани со убиства на други двајца невооружени црнци при слични полициски акции. И во двата случаја полицајците нема да одат на суд.

Во неколку градови во САД вчера беа обновени протестите против судските одлуки да не се процесуира дело против полицаец белец одговорен за смртта на црнец во Њујорк. Демонстрации со барање за за штита на демократијата, за рамноиправност и правда имаше во Вашингтон, Њујорк, Денвер, Детроит, Минеаполис и Чикаго.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас