Полицаец и војник се онесвестија на погребот на Кралицата, лекарска помош побарале 403 лица

Од:

Полициски службеник на должност за време на погребот на кралицата се онесвести неколку моменти пред да помине поворката што го носеше ковчегот на кралицата.

Британските медиуми пишуваат дека се верува дека неговото здравје не било сериозно загрозено, туку дека се работи за несвестица поради исцрпеност. Малку подоцна е снимен еден од војниците на Кралската коњска гарда кој исто така паднал за време на поворката.

Инаку, британските медиуми пишуваат дека лекарска помош побарале вкупно 403 лица во областите на Лондон каде се следеше погребот на кралицата. Од нив 19 завршиле во болница.

Се онесвестил и војникот

Пред неколку дена еден од војниците кои го чуваа ковчегот на кралицата во Вестминстерската сала се онесвести. Стражарот колабирал во текот на ноќта.

Војниците кои го чуваа ковчегот на кралицата имаа ригорозен распоред кој вклучуваше вкупно шест часа стоење покрај ковчегот, ротирање околу ковчегот на секои 20 минути. Имаше огромен притисок врз нив, особено поради големиот број луѓе кои сакаа да и оддадат почит на кралицата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он