Покрај САД, и Холандија и Јапонија ги советуваат своите државјани веднаш да ја напуштат Украина

Од:

Холандската Влада денеска им испрати препорака на своите државјани да ја напуштат Украина што е можно поскоро поради безбедносна закана, а такви инструкции денеска веќе издадоа САД и јапонската Влада.

Холандија ќе ја пресели својата дипломатска мисија од Киев во Л’вов, во западна Украина, соопшти денеска холандската радио мрежа БНР, цитирајќи го холандскиот амбасадор во Украина.

Јапонското Министерство за надворешни работи, пак, ги повика своите граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

Русија распореди повеќе од 100.000 војници долж украинската граница, што ги зголеми стравувањата од војна.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера упати повик до своите сограѓани „веднаш“ да ја напуштат Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски