Појасот Газа го прекрши примирјето со минофрлачки напад кон Израел

Од:

Три минофрлачки истрели биле упатени денеска од Појасот Газа кон јужниот дел на Израел и покрај краткото „хуманитарно примирје“, кое е договорено од ОН и ќе трае до 15 часот по локално време.

– Додека израелската армија го почитуваше прекинот на огнот, три минофрлачки истрели беа упатени од Газа кон округот Ешкол, соопшти израелската војска.

Првично беше соопштено дека биле истрелани две ракети, кои не причиниле жртви или материјална штета.

Се уште нема никаква потврда дали израелската армија ќе одговори на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци