Подољак: Роман Абрамович е ефикасен посредник меѓу Киев и Москва

Од:

Украина смета дека рускиот бизнисмен Роман Абрамович е ефикасен посредник меѓу Киев и Москва кој помага да се спречат недоразбирањата меѓу двете страни, изјави денеска украинскиот преговарач Михаил Подољак.

– Во медиумите одамна е познато дека тој е исклучително ефикасен посредник меѓу делегациите и оти делумно го модерира процесот за да се избегнат недоразбирања на самиот почеток, рече Подољак.

Украинскиот преговарач, исто така, ги отфрли како шпекулации „теориите на заговор дека Абрамович бил отруен пред неколку недели“, велејќи дека таквите извештаи имале за цел да извршат притисок врз делегациите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина