Подољак: Немаме врска со експлозиите во базата на Крим

Од:

Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици, пренесува Ројтерс.

На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не“. Што имаме ние со тоа?“, наведува британската агенција.

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека на аеродромот на Крим експлодирала муниција, но дека немало никаков напад, а ниту авион не е оштетен, пренесе ТАС С.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски