Подољак: Лоши вести за Русија, украинската војска се засилува

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска ги поздрави ветувањата на САД и нивните сојузници дека ќе испратат уште тешко оружје во Киев, по разговорите во германската воздухопловна база Рамштајн и порача дека „Украина станува посилна “.

„Едно од чудните барања на Русија на почетокот на војната беше целосна демилитаризација на Украина. По вчерашната епохална средба на 40 министри за одбрана, имам лоши вести за Русија. Капацитет, брзина, поедноставена логистика, проширен опсег на оружје – Украина станува посилна, напиша Подољак на Твитер.

Во американската воена база Рамштајн во Германија се одржа состанок на претставници на 40 земји за вооружувањето на Украина, а домаќини на состанокот се САД.

„Украина верува дека може да победи, како и сите присутни овде“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Рамштајн.

Началникот на Здружениот генералштаб на американските сили, Марк Мили, предупреди дека на Украина и е потребна дополнителна воена помош и дека следните недели се „критични“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков