Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Од:

Иако администрацијата на Трамп инсистира дека пратките на кокаин од Венецуела ја поттикнуваат кризата со предозирање со дрога во САД, официјалните бројки покажуваат многу поинаква слика. Глобалното производство на кокаин достигна рекордни нивоа, но главните шверцерски патишта кон САД во голема мера ја заобиколуваат Венецуела, според извештаите на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) и Агенцијата за борба против дрога на САД (DEA).

Според светскиот извештај за дрога на UNODC, глобалното производство на кокаин достигна рекордно високо ниво од околу 3.708 тони во 2023 година, што е зголемување од речиси една третина во споредба со претходната година. Поголемиот суровина за кокаин, се одгледува во Колумбија, по што следат Перу и Боливија.

Извештајот, исто така, откри дека главните шверцерски патишта кон САД во 2023 и 2024 година биле преку Колумбија, Перу и Еквадор. Венецуела воопшто не е спомената во извештајот на САД. Експертите потврдуваат дека Венецуела се користи како „транзитен коридор“ за дел од колумбискиот кокаин, но главно за пратки наменети за Европа преку Источен Кариб или Бразил.

„Доминантната поморска рута за кокаин наменет за САД останува источниот Пацифик до Мексико и Централна Америка, каде што се случуваат најголемите заплени. Неодамнешните заплени го истакнуваат тој модел“, рече Регилме. Проценките од 2020 година зборуваат за 200 до 250 тони кокаин што минуваат низ Венецуела годишно, но поголемиот дел од него не бил наменет за американскиот пазар.

Годишниот извештај на Агенцијата за борба против дрога на САД (DEA) за 2024 година, исто така, ја идентификува Колумбија како примарен извор на запленет кокаин во САД. Според нивните податоци, дури 84 проценти од запленетиот кокаин потекнува од Колумбија, додека Венецуела дури и не се споменува во овој извештај.

И покрај споменатите податоци од американската агенција, претседателот Трамп изјави дека американската војска пресретнува бродови во Карибите и Источниот Пацифик поради големиот број смртни случаи од дрога во САД, тврдејќи дека пратките доаѓаат од Венецуела.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните

Мамдани контра Трамп: Нападот е кршење на американското и меѓународното право

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Трамп ја објави првата фотографија од уапсениот Мадуро: Во тренерка, со лисици и шише вода во рацете

(ВИДЕО) Трамп: „Извршен е спектакуларен напад, ќе ја водиме Венецуела, не ја оставаме на други

Предраг Петровиќ