Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

Од:

Вселенското возила на НАСА „Кјуриосити“ по собирањето и скенриањето на првите примероци откри дека почвата на Марс според составот е многу слична со почвата на Хаваите.

Роботот со помош на инструментот „ЧеМин“ ги издвои првите честички почва, кои потоа ги скенираше со ренгенски зраци со цел да го утврди нивниот состав. Овие примероци песок би можеле да дадат насоки за геолошката историја на Марс.

По извршените анализи е утврдено дека поголемиот дел од примероците се составени од базалтни материјали од вулканско потекло, кои може да се најдат и на Хаваите. Примероците, меѓу другото содржеле и прашина, за која научниците веруваат дека стигнала благодарение на глобалните бури на Марс.

„Кјуриосити“ на 6 август безбедно се спушти во близина на кратерот Гејл. Од тогаш има поминато повеќе од 480 метри кон исток. Негова крајна цел е локацијата позната како Гленелг, за која научниците веруваат дека е многу интересна област бидејќи претставува спој на три различни геолошки терени.

Првата анализа има за цел да се исчистат инструментите на возилото, на кои може да бидат присутни нечистотии донесени од Земјата, а кои може да влијаат на конечните резултати.

Во првиот анализиран примерок од почвата, научниците открија значително количество од минералот фелдспат, оливин и пироксен.

Следниот чекор на експериментот е потрага по органски молекули кои би требало да овозможат увид во можностите за живот на Марс

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата