Почнаа преговорите на Израел и Палестинците за крај на конфликтот

Од:

Израел и Палестинците денеска почнаа преговори во Каиро во обид за ставање крај на конфликтот во Појасот Газа и за укинување на блокадата на оваа палестинска енклава.

Индиректните преговори во кои посредува Египет започнаа откако Израел и палестинското исламистичко движење Хамас постигнаа договор за ново тридневно примирје.

Во меѓувреме, една турска агенција за помош најави дека ќе прати бродови за да ја пробијат израелската блокада, нешто повеќе од четири години откако израелски маринци упаднаа на турски брод што носеше помош во Газа, при што беа убиени десетмина Турци.

Овој инцидент придонесе за дополнителни тензии во односите меѓу Турција и Израел, кои веќе беа влошени при претходната израелска офанзива во Газа во 2008 година.

Последните проценки говорат дека за обновување на разурнатите објекти при последниот конфликт во Газа ќе бидат потребни околу шест милијарди долари.

ОН наведуваат дека при едномесечните напади биле уништени или оштетени околу 65.000 куќи, 63 џамии и 138 училишта, а повеќе од 400.000 лица ги напуштиле своите домови.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници