Почна: 90.000 војници на НАТО тргнаа „во акција“

Од:

Американскиот јуришен амфибиски брод Ганстон Хол денеска исплови од пристаништето Норфолк и го означи почетокот на најголемите воени маневри на НАТО од Студената војна.

Ова го соопштија претставници на Северноатлантската алијанса.

Околу 90.000 војници од Соединетите Американски Држави и други сојузнички земји-членки на НАТО ќе учествуваат на воената вежба наречена Reliable Defender 2024, која ќе трае до мај оваа година, пренесува Ројтерс.

Во маневрите на НАТО ќе учествуваат околу 50 бродови, од носачи на авиони до уништувачи, повеќе од 80 борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала и најмалку 1.100 борбени возила, вклучувајќи 133 тенкови и 533 пешадиски борбени возила.

Според НАТО, ќе се практикува имплементацијата на регионалниот план на Северноатлантската алијанса, на кој се работи со децении, со детали дизајнирани да одговорат на евентуален руски напад.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани