Почна 180. Октоберфест

Од:

Градоначалникот на Минхен Кристијан Уде, согласно традицијата, точно напладне со два удара со чеканот го отвори првото буре пиво и со тоа ја означи за отворена најголемата народна прослава во светот – Октоберфест.

Првата кригла пиво градоначалникот Уде му ја предаде на премиерот на германската покраина Баварија, Хорст Зехофер. Во главниот град на Баварија во наредните 16 дена се очекуваат околу шест милиони посетители кои ќе бидат дел од панаѓурот кој се простира на 30 хектари површина на минхенската Терезиен-ливада, јави Дојче веле.

Како и секоја година, посетителите таму ги очекуваат бројни атракции, меѓу кои посебно се издвојуваат огромните пивски шатори, каде се слави под полна пареа со кригли со пиво од еден литар, а се јадат традиционални баварски јадења.

Се очекува дека до 6 октомври на годинешниот 180. јубилеен Октоберфест ќе се испијат околу осум милиони литри пиво и ќе се изедат стотици илјади печени кокошки. Најголем дел од посетителите на Октоберфест доаѓаат во традиционална баварска облека, како што се кожените пантолони (ледерхозе) и женскиот фустан (дирндл).

Годинава цената на една кригла пиво од еден литар се доближи до границата од 10 евра и изнесува 9,85 евра.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија