Починал мула Омар, потврдија талибанците и неговото семејство

Од:

Авганистанските талибанци денеска официјално потврдија дека нивниот лидер мула Омар починал од болест, пренесоа светските агенции.

Тие не прецизираа кога тоа се случило, ниту кој ќе го заземе неговото место.

„Дирекцијата на исламскиот емират (името на талибанското движење) и семејството на мула Омар соопштуваат за неговата смрт, која е резултат на болеста на основачот и лидер на талибанците“, се наведува во соопштението на талибанците.

Во него се посочува дека во последните две недели дошло до сериозно влошување на здравствената состојба на мула Омар. Тоа наведува на помислата дека тој починал пред извесно време, а не како што вчера тврдеа авганистанските власти дека можно е да починал во април 2013 година во болница во пакистанскиот град Карачи.

Во соопштението на талибанците се посочува дека мула Омар ниту еден ден не престојувал во Пакистан или во друга земја и дека во последните 14 години тој постојано бил во Авганистан.

Мула Омар не беше виден на јавно место од 2001 година, кога беше соборен режимот на талибанците.

Заради неговата смрт талибанците прогласија тридневни религиозни церемонии и молитви за неговата душа.

Смрта на мула Омар е тежок удар за талибанците, кои се наоѓаат под закана од напредувањето на групата Исламска држава во Авганистан, забележаа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска