Почина саудискиот крал Абдула бин Абдулазис

Од:

Кралот на Саудиска Арабија Абдула бин Абдулазис почина синоќа во болница на 90-годишна возраст, соопшти Кралската палата во Ријад.

Неколку недели тој беше на болничко лекување поради инфекција на белите дробови.

За нов саудиски крал е именуван неговиот брат Салман. Полубратот на сега починатиот крал, Мукрин е новиот крунски принц и престолонаследник.

Новиот крал Салман, кој има 79 години и шеесетгодишниот Мукрин, како и починатиот Абдула, се деца на основачот на модерна Саудиска Арабија, кралот Абдулазис, познат како Ибн Сауд кој почина во 1953 година.

Починатиот крал Абдула беше тринаесеттиот, од 37-те синови на кралот Абдулазис (Ибн Сауд). Роден е во август 1924 година во Ријад.

На саудискиот престол беше од 2005 година, кога го наследи својот полубрат, кралот Фахд. Но кралските должности Абдула ги водеше уште од 1995 година,откако неговиот претходник,Фахд претрпе мозочен удар,по што остана постојано изнемоштен.

Самиот Абдула последните години се соочуваше со нарушено здравје и честопати отсуствуваше од јавноста, затоа што мораше да се лекува дома и во странство.

Во Саудиска Арабија, меѓутоа, тој ќе остане запаметен како реформатор. Како најголеми заслуги му се припишуваат дозволата на домашните весници да може благо да ја критикуваат кралската влада, како и согласноста да им се дозволи на жените да може да се вработуваат.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови