Почина поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс

Од:

Поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс,почина денеска во Даблин, во 81-та година од животот.

Тој веќе 20 години не е во ирската политика, но неговата смрт беше повод во ирскиот главен град да му се одаде големо признание за она што го постигна како премиер.

На премиерската функција Рејнолдс беше помалку од три години, од февруари 1992 до крајот на декември 1994 година, но во ирската политичка историја остана запаметен како „миротворец“.

Неговите најголеми постигнувања се создавањето на неопходните предуслови за мировниот процес во Северна Ирска, а особено со обезбедувањето траен прекин на огнот на паравоената Ирска Републиканска Армија (ИРА) која долги години дејствуваше на Северот од островот, а свое сигурно засолниште наоѓаше на Југот.

Рејнолдс е заслужен и за конечното средување на британско-ирските односи, откако во Лондон во 1993 година потпиша договор со Велика Британија.

Тој беше политичар на старата ирска партија Фина Фол и на двапати раководеше со коалиционите влади во Ирска. На интернет страницата на оваа партија, по повод смрта на Рејнолдс е запишано дека Северна Ирска и односите со Лондон се неговиот „политички капитал“.

Големите заслуги за мирот во Северна Ирска, која по пргласувањето на независна Ирска во 1922 година остана дел од Велика Британија, денеска му изразуваат и лидерот на Шин Феин Џери Адамс, како и заменик првиот министер на Северна Ирска, Мартин Мекгинис поранешен командант на ИРА.

Мировниот процес во покраината беше заокружен со спогодбата од Стормонт, на Велики петок во 1998 година, што подоцна се комплетираше со спогодбата за поделбата на власта и заедничко управување во Северна Ирска меѓу унионистите протестанти и републиканците католци.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден