Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол

Од:

На 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, соопшти весникот „Билд“.

Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година.

Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на двете Германии и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марките.

Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија – четири последователни мандати.

Кол беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка од 2008 година.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го оцени Кол како „најголемиот европски лидер од втората половина на 20-тиот век“.

Би можело да ве интересира

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан