Италијанскиот моден креатор и поранешен шампион во атлетика, Отавио Мисони почина денес на 93-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Мисони е роден во Дубровник 1921 година. Во 1943 година се ожени со Розита Ѓелмини, со која во Италија отвори продавница за облека. Првата ревија ја имаа во 1958 година.
Марката многу бргу стана позната по специфичните материјали.
Мисони неколку пати беше шампион на Италија во атлетика на 400 метри, а учествуваше и на Олимписките игри во 1948 година.
Марката Мисони денес е позната ширум светот и произведува конфекции за жени, мажи и деца, но таа се специјализираше и за ентериери на автомобили, куќи и луксузни хотели.
Синот на Мисони и неговата сопруга Маурисија Кастиљони се водат како исчезнати од јануари 2013 година, кога во Венецуала исчезна со мал авион.
Елена Георгиевска