Почина најстариот жител на Велика Британија

Од:

Во еден дом за стари лица во англискиот град Барнсли, почина Етел Ланг, која официјално се водеше како најстариот жител на Велика Британија.

Ланг почина на 114-годишна возраст и е последната која била родена во времето додека на британскиот престол се уште била кралицата Викторија.

Кралицата, која одбележа цело една епоха и владееше најдолго досега во британската и англиската историја, цели 64 години, почина во 1901, додека Етел Ланг е родена на 27 мај 1900 година во Барнсли.

Ланг целиот свој живот го помина во овој англиски град во Јужен Јоркшир. Во 2005 година таа се пресели од својата куќа во дом за стари за да има постојана нега.

Претставник на домот потврди дека таа починала, објаснувајќи кусо ,дека смртта настапила од старост“.

Етел го напуштила училиштето кога имала 13 години, за да се вработи во фабрика за шиење кошули. Се омажила во 1922 година за Вилијам Ланг со кого останала во брак 66 години,се до неговата смрт во 1988 година.

По смрта на Етел Ланг, сега најстар жител на Велика Британија е Гледис Хупер, која живее во местото Рајд на островот Вајт, во каналот Ламаш. Според податоците на интернет страницата „Најстарите во Обединетото Кралство“, Хупер има 111 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он