Почина најстарата жителка на Белгија, Холандија и Луксембург

Од:

Марсел Леваз наполни 111 година на почетокот на оваа година и беше најстарата жителка на Бенелукс. Леваз почина во недела вечер.

Родена близу градот Лиеж, Марсел Леваз наполни 111 години на 18 март оваа година. Таа работела долги години како модистка. На само четири месеци пред нејзиниот 112-ти роденден, најстарата белгиска граѓанка премина недалеку од своето родно место, во неделата вечер околу 21 часот.

Марсел Леваз беше најстара жителка на Белгија, но и на целиот регион познат како Бенелукс, односно Белгија, Холандија и Луксембург.

По смртта на Леваз најстар Белгиец е повторно жена, станува збор за Магдалена Јансенс, родена на 16 март 1912 во градот Антверпен, речиси точно една година по Леваз. Со ова Јансенс станува и најстара жителка на регионот Бенелукс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски