Почина Хорхе Луис Батле, поранешен претседател на Уругвај

Од:

Поранешниот уругвајски претседател Хорхе Луис Батле Ибанес, почина вчера на 88-годишна возраст како резултат на тешка повреда на мозокот, соопшти болницата во којашто тој се лекуваше, пренесува БТА.

Хорхе Батле бил хоспитализиран на 13 октомври во критична состојба како последица од траума здобиена при пад.

За време на својот мандат (2000-2005 година), Батле требаше да се справи со најтешката финансиска криза во поновата историја на Уругвај, кога во банкарскиот систем во земјата владееше паника, предизвикана од аргентинската економска криза од 2001.

Хорхе Батле е претставник на позната уругвајска политичка династија. Неговиот татко Луис Батле Берес исто така, беше шеф на државата, од 1947 до 1951 година.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај